Круни, песна, знамиња, медали… ЕП2020 ги доби своите победници! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Славје во Хернинг, доделени медалите на ЕП2020

Норвешка ја прослави осмата титула на европските првенства, откако во финалето во Хернинг за два гола беше поуспешна од Франција. Доделувањето на медалите помина во знакот на „шок кралиците“ од Хрватска кои со круни на главите ги примија бронзените медали на овој турнир.

Норвешка во победнички амбиент го дочека златниот послужавник на ЕХФ и со звуците на популарната „We are the champions“ од Queen ja прослави осмата титула на Стариот континент. Франција ги доби своите сребрени медали од капитенот Сираба Дембеле, која доби помош од искусната голманка Амандин Лејно. А шоуто го украдоа бронзените Хрватки кои со круни на главите и со кралски поздрав во манир на нивниот нов прекар „Шок кралици“ ги примија медалите за освоеното трето место и со песна дадоа дополнителна позитивна атмосфера на прославата на најдобрите.