Круна на сезоната со Гвадалахара – Атрактивен гол на Петровски (ВИДЕО)

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Дарио Петровски, одигра солидна сезона во дресот на Гвадалахара и даде свој придонес во камбекот на екипата во Асобал лигата. Средниот бек од Битола што може да ја покрива и левата бековска позиција, во последниот натпревар против Ибиза беше стрелец на два гола од три обиди, а еден од погодоците го постигна на атрактивен начин...