Крстевски за 24Ракомет ТВ: Ние сме Вардар, против секого одиме на победа (ВИДЕО)

Младиот ракометар на Вардар, Стефан Крстевски на дуелот против ППД Загреб доби можност за да игра од стартот на средбата и ова беше прво негово искуство како лидер на нападот уште од почеток на натпревар во Лигата на шампионите. Одработе добра средба, а после дуелот против Загреб за 24 Ракомет ги искажа своите први впечатоци и воедно потврди дека Вардар оди по 5. место и најави дека Вардар против секого оди на победа. Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото.