Поранешниот европски шампион најде нов тренер

Поранешниот европски шампион Фленсбург, кој во сезона 2013/14 се радуваше на шампионската титула во Лигата на шампионите, во изминатиот период беше во потрага по нов тренер за следната натпреварувачка сезона.

Иако сега поранешниот тренер на Фленсбург, Мајк Махула, имаше активен договор со бундеслигашот до 2026 година, сепак, двете страни многу порано ја завршија соработката.

Денеска за нов стратег на Фленсбург беше промовиран актуелниот предводник на ГОГ Гудме, Николај Крикау.

За потсетување, 36-годишниот стратег во месец април оваа година го продолжи договорот со актуелниот дански шампион јуни, 2025 година, но беше платена оштета за неговиот премин во бундеслигашот.

Под негово водство во сезона 2021/22 беше освоена шампионската титула на Данска, додека Куп трофејот беше освоен двапати, во 2018 и 2022 година. ГОГ сезонава сѐ надмина себе си и обезбеди четвртфинале во Лигата на шампионите.

Двајцата играчи Симон Питлик и Лукас Јоргенсен по крајот на сезонава од ГОГ ќе се преселат токму во Фленсбург, а заедно со нив ќе пристигне и Крикау.