„Кошарка“ на ракометен меч – сакаше да даде гол, ама постигна КОШ! (ВИДЕО)

Ракометарите на Јуниор КВ на гостински терен против екипата на Скопје се изборија за голем бод, 25:25, во натпревар од 4. коло од плеј-аут фазата во Суперлигата. На суперлигашката пресметка, членот на Јуниор ЈВ, десното крило Димитар Ристовски имаше чиста позиција да постигне гол, но наместо голот, го погодои кошот во спортската сала ,,Форца", откако топката отскокна при неговиот шут. Оваа ситуација ретко се гледа на ракометните терени. На видеото во продолжение погледнете како Ристовски постигна чиста „тројка“ на ракомет.