Костески за 24Ракомет ТВ: Одиме на победа на двата меча со Романија (ВИДЕО)

Машката сениорска репрезентација на Македонија ја очекува бараж двомеч со селекцијата на Романија. Десното крило Ненад Костески вели дека ривалот не смее да биде потценет, дека веќе започнаа видео анализите на ривалот, но дека Македонија ќе оди на две победи против Романија. Првиот меч се игра на 17 март во Скопје, додека реваншот е на 19 март во Букурешт. Целосната изјава на Костески може да ја погледнете во видео прилогот....