Кога ќе каже Душебаев, тоа е закон! – Играч на Келце си замина среде интервју (ВИДЕО)

По мечот од полското првенство меѓу Азоти и Келце, што го добија избраниците на Талант Душебаев со 33-29, имаше интересна случка. Томаш Гебала даваше изјава за ТВ Спорт, а на среде изјава мораше да замине во соблекувалната по повик на тренерот. Душебаев не беше најзадоволен од изданието на неговите момци, па сигурно имал што да им каже во соблекувалната во мечот. Тоа што ќе каже тренерот - закон е, и мора да се почитува. Погледнете...