ОВА БОЛЕШЕ: Кога шутираат кон противничкиот гол, а ќе те удрат во меѓуножјето…(ВИДЕО)

На мечот меѓу Рајн Некар Левен и Мелсунген од Бундес лигата, имаше еден „болен“ момент. На крајот на првиот дел, Аугустин Касадо шутираше кон голот на Апелгрен, но наместо голот, го погоди Киркелоке, и тоа во меѓуножјето. Данскиот десен бек по непријатниот удар се виткаше од болка, па беше поштеден од нови напори на мечот што го доби Рајн Некар со 36-25.