Кога судијата ќе спречи контранапад и погодок за победа на празен гол…(ВИДЕО)

Во 12. коло од првенството на Данса на дуелот помеѓу екипите на Колдинг и Холстебро се случи несекојдневна ситуација во која судијата физички влијаеше на конечниот резултат. Натпреварот заврши 32:32, а Колдинг имаше шанса за победа но не дојде до тоа. Холстебро имаше напад за победа но одбраната на Колдинг беше добра и успеа да ја одземе топката. Тоа беше шанса за брза контра на домашните и голот на гостите беше празен, но играчот кој истрча во контра се судри со судијата и не стигна до топката, па на крајот натпреварот заврши без победник. После мечот судијата Нигард се извини на играчите на Колдинг, тоа беше се што можеше да направи но домашниот тим остана без победата а извинувањето од судијата е слаба утеха. Случката погледнете ја во видеото...