Кога нијансите и искуството решаваат за победа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

СТРУГА 2022: РК Алкалоид 27-28 РК Целје

Новиот суперлигаш Алкалоид загуби и на вториот натпревар на турнирот во Струга од екипата на Целје со 28-27. Иако македонскиот тим парираше одлично и на пауза имаше нерешено, 15-15, а во вториот дел водеше и со три гола разлика, сепак на крајот мораше да се помири со поразот. Следен предизвик за Алкалоид ќе биде дуелот со Бутел Скопје, додека Целје ќе игра со Вардар.