Кога екс вардарецот се претвора во Бетовен: Како Карачиќ ја свири „Ода на радоста“ (ВИДЕО)

Хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ остана во Скопје и не се врати во Келце по откажувањето на полскиот шампионат. Тој веќе неколку седмици е во македонската престолнина и ужива заедно со вереницата Душица Андоновска. Ако нема услови за тренинг, има услови за седење дома и забавни игри со најблиските. Андоновска на социјалните мрежи објави видео со Карачиќ како свири на мал синтисајзер и го нарече „Мојот Бетовен“...