Кога голманот ќе го постигне победничкиот гол…(ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Скандерборг и Рандерс во женската лига на Данска имаше драматична завршница. На неколку секунди до крајот Рандерс имаше напад за победа при резултат 21:21, но се случи сосема спротивното односно победат им припадна на ракометарките на Скандерборг. Голманката Софи Мот го одбрани ударот на ракометарката на Рандерс и без размислување шутираше кон противничкиот. Голот беше празен а Мот погоди и тоа беше гол за победа на нејзиниот тим. Следуваше неизмерна радост на ракометарките на Скандерборг, погледнете во видеото.