Карачиќ за 24Ракомет ТВ: Келце беше во ситуација како Вардар во 2019 година, но остануваме сите заедно (ВИДЕО)

Игор Карачиќ има две титули со Вардар во Лигата на шампионите, но средниот бек се надева дека ќе се искачи на европскиот врв и со Келце. Минатата сезона полскиот првак имаше убава шанса, а сега пред нив е тимот на ПСЖ. Хрватот вели дека францускиот тим игра одличен ракомет и дека нема тајни меѓу двата тима, а и покрај финансиските проблеми што ги имаше цела сезона, Келце е подготвен за големи нешта. Целосната изјава на Карачиќ погледнете ја во видео прилогот...