Карантинска ЛШ: Вардар загуби од Келце на Ф4, ќе се бори за трето место против Барса (ВИДЕО)

Можеби ЕХФ ги одложи натпреварите од осминафиналето и четвртфиналето на Лигата на шампионите и го елиминира Вардар, но медиа тимот на „Uniformed Handball Hour“ реализира интересен виртуелен проект. Во карантинската Лига на шампиони веќе се „одиграа“ осминафиналните виртуелни и четвртфиналните натпревари, па на ред дојде и завршниот турнир. Вардар, кој „направи“ изненадување и ги елиминира ПИК Сегед и Веспрем, стигна до место на виртуелниот Ф4. Сепак таму европскиот првак беше „запрен“ од полскиот Келце и загуби со 21-24. „Црвено-црниот“ тим одржуваше егал во првиот дел, но падна во финишот и ќе се „бори“ за третото место против Барселона, која беше „демолирана“ од Кил и загуби со 11-21. Скубе и Толедо дадоа по шест голови, додека Душебаев беше стрелец на осум погодоци.