Карантинска ЛШ: Вардар го суреди и Веспрем, повторно ќе оди во Келн! (ВИДЕО)

Можеби ЕХФ ги одложи натпреварите од осминафиналето и четвртфиналето на Лигата на шампионите и го елиминира Вардар, но медиа тимот на „Uniformed Handball Hour“ реализира интересен проект. Во карантинската Лига на шампиони веќе се „одиграа“ осминафиналните виртуелни и четвртфиналните натпревари. Вардар, кој „направи“ изненадување и го елиминира ПИК Сегед со победата од 30-28, беше поуспешен од вториот унгарски тим Веспрем со 23-21 и обезбеди ново учество на виртуелниот завршен турнир. Скубе „постигна“ пет голови, а Дибиров и Горбок по 4. Кај Веспрем се „истакна“ Лекаи со пет. На завршниот виртуелен турнир ќе „играат“ Вардар против Келце, како и Барселона против Кил.