Карантинска ЛШ: Ново чудо – Вардар го елиминира ПИК Сегед, на ред е Веспрем! (ВИДЕО)

Можеби ЕХФ ги одложи натпреварите од осминафиналето и четвртфиналето на Лигата на шампионите и го елиминира Вардар, но медиа тимот на „Uniformed Handball Hour“ реализира интересен проект. Во карантинската Лига на шампиони веќе се одиграа осминафиналните виртуелни натпревари и во следната фаза покрај Кил и Веспрем, место обезбедија Порто, Монпелје, Келце, ПСЖ, Веспрем, но и Вардар, кој „направи“ изненадување и го елиминира ПИК Сегед со победата од 30-28. Најдобри поединци во европскиот првак, кој тука ќе има шанса да продолжи со одбрана на титулата, беа Толедо со осум и Дисингер со пет погодоци. Следен ривал во четвртфиналето ќе биде Веспрем, а наптреварот се „игра“ за три дена.