Карабатиќ за 24Ракомет ТВ: Нема рецепт за победа – мора само да бидете подобри од ривалот (ВИДЕО)

Тимот на ПСЖ е единствениот во четворката со Келце, Барса и Магдебург што нема освоено титула во Лигата на шампионите. Но таму има ракометари, како и тренерот Раул Гонзалес, кои славеле во Келн. Еден од најдобрите ракометари на францускиот првак, Лука Карабатиќ вели дека нема рецепт за победа, едноставно треба да биде подобри од ривалот. Пречката на ПСЖ до финалето се вика Келце, а мечот почнува од 18:00 часот во „Ланксес Арена“ во Келн. Целосната изјава на Карабатиќ погледнете ја во видео прилогот...