„Како је добро видјети те опет…“(ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шампионски Кометал 20 години потоа…

Денеска беа одбележани 20 години од освојувањето на европската шампионска титула во Лигата на шампионите на Кометал Ѓорче Петров. Беа присутни спонзорот Трифун Костовски, претседателот Иван Бојков, Владимир Радиќ, Лидија Аџиевска...како и помголем дел од играчкиот кадар - Наталија Тодоровска, Милева Велкова, Анжела Платон, Елена Златановска, Андријана Будимир, Мирјана Чупиќ, Гордана Нацева...додека поради оправдани причини не дојде Индира Кастратовиќ, како и руските интернационалки кои не можеа да дојдат поради актуелната ситуација во тој регион...Пристутните се потсетија на убавите времиња, на химните на Кометал Ѓорче Петров, а се случи и предавањето на титулите на тогашниот клуб, на актуелниот Ѓорче Петров...