Како Стоилов ја фати одбраната на Пролет на „спиење“ (ВИДЕО)

Вардар оствари лесен триумф против скопскиот ривал Пролет со 36:25 и се зацврсти на лидерската позиција на табелата. Иако Вардар настапи во комбиниран состав немаше проблеми да освои нови бодови. Во екипата беше капитенот Стојанче Стоилов кој при изведување на почетниот удар ја начека на спиење одбраната и голманот на Пролет, Цветковски и ги изненади од половина терен. Ефектниот погодок на пикерот може да го погледнете во следното видео.