Како се викаше ти? Германскиот селектор не ги знае своите играчи! (ВИДЕО)

Несекојдневна случка му се случи на селекторот на Германија, Кристијан Прокоп за време на натрпеварот со Холандија. На еден од тајм-аутите Прокоп многу емотивно им даваше совети на своите ракометари што треба да направат на теренот. Во тој момент сакаше да се обрати на Кастенинг, но не можеше да се сети на неговото име. „Како се викаш ти?“ го праша Прокоп играчот, „Тимо“ - му одговори Кастенинг. Овој мал инцидент не влијаеше на расположението на репрезентативците на Германија кои имаа успешно издание против Холандија и славеа со 34:23, а Кастенинг на мечот постигна три гола.