Како Русија за три секунди од губитник стигна до реми (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Русија дојде до бод против Полска откако ремизираш со 29:29 и тоа со звукот на сирената. Косоротов беше херој на Русите бидејќи успеа да ги спаси од пораз во моменти кога Полјаците веќе ја славеа победата. Што се случуваше на теренот во последните трисетина секунди, а особено во последните три колку што имаше Русија за напад можете да видите во видеото. Дефинитивно доказ дека се игра дури судијата не означи дека е крај.