Како Рајн Некар го запре Кил? (ВИДЕО)

 

Во дербито во Бундес лигата Рајн Некар Левен славеше победа над тимот на Кил со 26:25, а во завршницата од натпреварот се случуваше вистинска драма на теренот. После нереализираниот напад на Кил, Генсхајмер погоди од седмерец за водство и на гостите им останаа дваесетина секунди да се спасат од пораз. Сепак, тука се истакна Микаел Апелгрен на голот кој со фантастична итервенција ја зачува победата. Оваа интервенција која донесе победа за Рајн некар можете да ја видите во продолжение.