Како некогаш: Вујин распали од десет метри – покажа дека не е за „старо железо“ (ВИДЕО)

Едно од најзвучните имиња што во моментов игра во Вардар е српскиот интернационалец Марко Вујин. Иако по долгата пауза, Вујин не е во старата препознатлива форма, сепак покажа дека се уште може да биде опасен за противничките голмани. Бекот во вториот дел од натпреварот против Веспрем доби една топка и со „бомба“ од десетина метри погоди во мрежата на Коралес. Медиа тимот на СЕХА лига овој погодок го прогласи за најубав на финалниот натпревар меѓу Вардар и Веспрем. Погледнете...