Како Манасков подели атракција против Димулан (ВИДЕО)

Левото крило на репрезентацијата на Македонија и Веспрем, Дејан Манасков го имаше првиот настап во новата сезона од Лигата на шампионите. Неговиот тим беше поуспешен на гостувањето кај Нант со 28:24, а Манасков имаше одлично издание и беше еден од најефикасните играчи со пет гола во својата екипа. Левото крило го постигна можеби најубавиот гол на вечерта. Беше проигран од Лекаи на линијата од шест како втор пивот а Манасков со атрактивен погодок зад грб го совлада одличниот Димулан на голот на Нант. Атрактивниот гол погледнете го во видеото.