Како големиот Кил падна пред 17 години во СРЦ „Кале“ (ВИДЕО)

Екипата на Кил пред две децении беше една од оние кои доминираа во европскиот ракомет и една од екипите која можеше да и се спротистави на Барселона. Во своите редови имаше огромен број на квалитетни ракометари, но пред 17 години во Скопје падна пред ракометарите на Вардар.

Генерацијата за која играа Олег Маљцев, Кирил Атанасовски, Стевче Алушoвски, Ванчо Димовски, Александар Јовиќ, Лазе Мајнов, Петар Мисовски…тогаш успеа да го сруши тимот во чии редови беа Штефан Ловгрен, Штафан Олсон, екс-тренерот на Рајн Некар и актуелен селектор на Данска, Николај Јакобсен, потоа Доминиковиќ, Фриц… Вардар победи со 27:26 и докажа дека може да се надигрува и со квалитетните состави.

Од тоа време кога Вардар своите средби ги играше во СРЦ „Кале“ се останати само мал број на видео снимки, а дел од нив ќе можете да видите во продолжение.