И паднат на земја, и со човек на грб – Манасков го постигна првиот гол за Македонија на ЕП! (ВИДЕО)

Машката ракометна репрезентација на Македонија пред неколку минути го стартуваше првиот натпревар на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, а ривал е селекцијата на Украина. Откако Дејан Манасков промаши во првиот напад за нашата репрезентација, ниту Украинците не реализираа, па ние го отворивме реузлтатот. Нашето лево крило во една полуконтра, иако беше паднат на земја и со играч на грбот, сепак успеа да го совлада голманот на Украинците, Генадиј Комок.