И млади и стари, Македонци и странци – сите навиваа и уживаа на трибините (ФОТО)

И млади и стари, Македонци и странци – сите навиваа и уживаа на трибините (ФОТО)

Вардар го победи тимот на Мешков Брест со 35:27, откако по подолго време „црвено-црните“ играа пред публика на трибините. Иако трибините не беа исполнети до последно место како што сите се навикнати, сепак, ова беше натпревар на кој „црвено-црните“ потсетија на шампионските денови. Одработија одлична средба во која доминираа од почеток до крај. Имаше падови, но тоа беа кратки моменти после кои немаше никаков проблем за да се стигне до посакуваното односно да се дојде до два бода од овој дуел.