Играа седум во одбрана, никој не забележа, па дури примија и гол (ВИДЕО)

 

На средба од првенството на Шведска меѓу Карлскрона и Аранас се случи несекојдневен момент. Додека екипата на Карлскрона беше во напад противникот во одбрана имаше седум ракометари. Ова беше момент кој требаше да им донесе можеби плус во играта, но не беше така. Судиите и делегатот не го забележаа овој момент, но затоа противникот успеа одлично да се снајде. Дури и против седум ракометари на Аранас на играчите на Калрскрона не им беше проблем да постигнат подогок, но овој момент дефинитивно оди на душа на официјалните лица.