Златните времиња на Вардар: ЕХФ потсети на денот кога „црвено-црните“ станаа европски шампиони (ВИДЕО)

Медиа тимот на Европската ракометна федерација денеска ги потсети фановите на моментот кога Вардар првпат стана европски шампион. Погодокот на хрватскиот репрезентативец Иван Чупиќ во мрежата на легендарниот Тјери Омејер на дуелот против ПСЖ, значеше и европска титула за „црвено-црниот“ тим. Потсетете се како изгледаше тоа...