За ТВ шпици – атрактивен гол на Пецаковски од пенал (ВИДЕО)

Екипата на Пролет на свој терен го изненади амбициозниот Охрид во натпревар од 5. коло од плеј-оф фазата во Суперлигата, триумфираше со 27:26 во неизвесен финиш. Искусниот Дејан Пецаковски одигра голема улога во одбраната на домашниот табор и натпреварот го заврши со еден гол, кој беше постигнат на атрактивен начин од пенал