Запознајте го Фернандо Алонсо од ракометните терени (ВИДЕО)

Пикерот на Келце и репрезентацијата на Белорусија, Артем Каралек покажа дека добро се снаоѓа и во друг спорт освен ракометот. Тој учествуваше во трка со картинг каде што имаше директен ривал на патеката. Каралек пред да започне трката се претстави како Белоруски Алонсо според добро познатиот Формула 1 возач Фернандо Алонсо. Каралек добро се снаоѓаше на патеката и успеа да го победи противникот после извозени два круга. Како изгледаше трката може да погледнете во следното видео кое го објави клубот на својот канал...