Запознајте го новиот десен бек на Вардар – Јоел Куни Моралес (ВИДЕО)

Десниот бек Јоел Куни Моралес (34), во Вардар доаѓа од тимот на Данкерк, Франција. Тој е кубански интернационалец. Како дел на Данкерк последната сезона играше на 28 меча даде 29 гола. Претходно две години беше член на Иври. Во сезоната 2018/19 на 13 меча даде 60 гола, додека во сезоната 2019/20 на 17 натпревари постигна 59 погодоци. Моралес по заминувањето од Куба беше долги години во Португалија.Започна во Порто, настапуваше за Аванка во сезоната, 2012/13, потоа го носеше две сезони дресот на Мадеира, пред повторно да се пресели во Порто, каде остана вкупно девет години. Од Порто замина во Франција. Погледнете дел од неговите погодоци во француското првенство....