Запознајте го „женскиот Ивано Балиќ“ (ВИДЕО)

Хрватската репрезентација продолжува да гази се пред себе на Европското првенство и вчера славеше над Романија со 25-20. Најдобра ракометарка на овој дуел беше средниот бек Валентина Блажевиќ, колешка на Елена Ѓорѓиевска од романската Магура Чиснадие. Таа потекнува од Сплит, беше дел од словенечкиот Крим, полските Погон Шчечин и Перла Лублин, а европската ракометна јавност на ова ЕП ја виде во вистинското светло и ја запозна малку повеќе. 26-годишната Блажевиќ, која хрватските медиуми ја нарекоа „женскиот Ивано Балиќ“, постигна седум гола против Романија, а последниот беше постигнат со цепелин. Левото крило Јапунџа во скок шут ја проигра Блажевиќ, која ја смести топката во романскиот гол. Овој гол со цепелин ги потсети Хрватитеи на голот на ист начин што го постигна Ивано Балиќ по асистенција на Петар Метрличиќ против Унгарија на СП во 2009 година. Погледнете ги двата погодока....