Загревање за Холандија – Јовано, Јованке ечеше во Краков (ВИДЕО)

 

Репрезентацијата на Македонија денес го игра вториот натпревар на Светското првенство 2023, кое се одржува во Полска и Шведска. Втор ривал на избраниците на Кире Лазаров ќе биде селекцијата на Холандија. Се очекува македонската репрезентација и на денешниот натпревар да има голема поддршка од трибините во „Таурон Арена“ во Краков. Македонските навивачи станаа препознатливи во Краков, ги има на секој чекор... Дел од навивачите за дуелот против ,,лалињата" веќе започнаа да се загреваат со песни и да создаваат позитивна атмосфера најавувајќи ја големата битка и на трибините.