Еурофарм Пелистер покажа моќ: Татабања како „боса по трње“ во битолскиот пекол (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Еурофарм Пелистер vs Татабања, 23.11.2021, Европска лига

Еурофарм Пелистер фати победнички ритам, па после Аек дојде до триумф и против Татабања, овој пат со високи 33:20 откако имаше доминација во речиси сите 60 минути од натпреварот. Одличната игра во која се доминираше и во одбрана и во напад беше крунисана со триумф и два бода кои значат многу за продолжението од натпреварувањето. Она што денеска беше прикажано на теренот во „Боро Чурлевски“ може само да радува бидејќи дефинитивно патоказот е за нагорна линија во формата и чекорење кон успех и уште подобри резултати.