Ем паднат на земја, ем одбрани седмерец (ВИДЕО)

Белорускиот првак Мешков Брест е единствениот тим оваа сезона што нема ниту еден бод по три одиграни кола во Лигата на шампионите. Мешковци загубија од Кил, Вардар и ПК Сегед на последниот натпревар, но тоа може да се препише на отсуството на петмина ракометари поради повреда. Еден од оние што недостига е голманот Иван Пешиќ, а на негово место против ПИК Сегед, шанса доби младиот Илја Усик. Тој со една интервенција додека беше паднат на терен, по ударот од седум метри на Себастијан Фримел, ја воодушеви публиката во салата „Викторија“. Погледнете....