Емотивен меч: Македонската иднина играше во чест на Марко Божиновски (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кадети – Бутел ревијална

Кадетската репрезентација на Македонија и кадетскиот шампион Бутел Скопје одиграа пријателски ревијален натпревар во чест на прерано починатиот Марко Божиновски. Тој беше член на Бутел, а играше и за кадетската селекција. Националниот тим победи против Бутел Скопје со 33-19, а селекторот Раде Стојановиќ со стручниот штаб во кој се Бранко Ангеловски и Наум Танески имаа можност да се уверат во квалитетите на младите момци кои летово ќе се борат за пласман на ЕП. Најдобар стрелец во кадетска репрезентација беше Александар Петковски со седум гола, додека Томислав Димковски даде четири. По три пати погодија Давид Димевски и Андреј Стојановски. Во составот на Бутел Скопје, кој беше предводен од тренерот Дарко Јанев, се истакнаа Петар Цветковски и Дејан Михајловиќ со по пет погодоци.