Екс ракометарка на Металург сними песна и спот! (ВИДЕО)

Поранешната ракометарка на Металург, а сега на романскиот тим Валчеа - Кристина Лишчевиќ вчера го промовираше новиот сингл и спот за песната „Ќе победам“. Средниот бек на српската репрезентација многупати ги изненадуваше фановите на социјалните мрежи со некои препеви, но сега се чини реши и малку попрофесионално да се обиде во музичките води. Спотот е снимен со помош на нејзините колешки од романскиот тим. Погледнете....