Евро-гол на Базалиу за драматична победа на Романија против Шпанија

Во вториот натпревар од првиот натпреварувачки ден од главната фаза во Скопје, Романија беше подобра од Шпанија со резултат 28-27(12-11). Натпреварот, играта и темпото го диктираше Романија од самиот почеток, но од средината на второто полувреме таа улога ја презема Шпанија.

Во драматичен финиш на две изедначени екипи победи со минимални 28-27 со спектакуларен гол на Базалиу од преку 15 метри. Сега Романија им се придружи на Германија и Холандија кои имаат по два бода во главната фаза.

Романија од самиот почеток започна да ја гради својата предност, па со головите на Неагу и Пинтеа имаа предност од 6-3 во воведните седум минути. Голем број технички грешки на противничките од шпанскиот напад и мотивираноста на романските ракометарки им даваа сила да ја одржуваат разликата до самиот финиш. Но од 27. минута кога за последен пат имаа „плус три“ романките пропуштија неколку шанси, а на спротивната страна Шпанија покажа дека има сила за комплетно да се врати во натпреварот, затоа по првите триесет минути Романија имаше предност од само еден гол за конечни 12-11.

Шпанките не го искористија првиот напад за израмнување во второто полувреме, па Романија ја задржа минималната разлика до 10.минута кога Шпанија израмни на 15-15, а имаше и напад за водство, но не го реализираа бидејќи Лиса Дефо направи пробивање при обидот да постигне гол. По период во кој Романија го диктираше темпото, а Шпанија постојано бркаше негатива, улогите во 14 минута се променија. Романија не се откажа, во 18.минута повторно го врати минималното водство, а Неагу имаше шанса од пенал да ги одведе на „плус два“, но наместо во голот ја погоди стативата.

Во финишот на натпреварот секоја грешка чинеше многу. Искусните Шпанки знаеја како да ја валоризираат лошата игра на Романките па во последните пет минути имаа предност од два гола, 25-23. Токму ракометарката која им ја донесе предноста од два гола Гасама Цисоко, погоди пречка, Шпанија не реализираше пенал, па Романија комплетно се врати во игра и со минимална предност од 26-25 ја започна 57. минута од натпреварот.

Во драматичен финиш, двете екипи направија грешки во своите напади. Романија имаше последна шанса да постигне гол на шеесет секунди до крајот на дуелот. По тајм-аутот на селекторот Пера, Романија нападна преку десната бековска позиција каде Грозав беше прецизна за предност од 27-26. Шпанија имаше 25 секунди за израмнување на резултатот, нападот го реализраше Аранзастроке. Во трка со времето Базалиу од преку 15 метри шутираше очајнички во голот на Шпанија, а топката од силината на шутот се одби од голманот во мрежата за конечни 28-27 и голема победа на Романија.

Најпрецизна на дуелот беше Пинтеа со 7 голови, Бучеши постигна 6, а Неагу 4. Кај Шпанија Гутиерез и Гонзалес постигнаа по 4 голови.

ПозЕкипаGDНПРЛБ.
12654018
2353026
3-253026
4-952125
5152034
6-1950141