Дувњак за 24 Ракомет ТВ: Секогаш е задоволство да се игра пред ваква феноменална публика

Еден од најдобрите ракометари на денешницата, Домагој Дувњак беше лидер во играта на Кил во победата против Вардар од 31:20 во СЦ „Јане Сандански“ и тоа што тој го направи дефинитивно значеше многу на теренот.

После средбата тој коментираше за 24 Ракомет ТВ.

„Вакви натпревари се случуваат каде што функционираше се од голманот до одбраната и нападот. И честитам на публиката за прекрасната атмосфера која што ја направи во текот на сите 60 минути и можам да кажам дека секогаш е убаво да се игра пред ваква атмосфера“, изјави Дувњак за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.