Драма во „Јане Сандански“ со среќен крај за Вардар (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар – Нексе (СЕХА лига)

Вардар го совлада Нексе со 27:26, а со тоа си обезбеди нови бодови во СЕХА лигата и во групата Б сега има четири поени со кои е лидер во конкуренција уште и на Војводина и Мотор Запорожје. Натпреварот беше максимално интересен, а место да се реши многу порано, победникот мораше да се одлучува во последните моменти. На крајот Вардар се избори за победа со која е на максимум и продолжува во посакуваниот ритам. Средбата донесе многу интересни моменти, интересни голови, а Tалески и Чупиќ беа најефикасни со по шест гола додека Јотиќ имаше четири. Oва беше само втора средба во СЕХА лигата за оваа сезона, а следната за Вардар е на 27 февруари кога шампионот на Македонија треба да гостува во Украина кај тимот на Мотор Запорожје.