ДНК им посвети песна на фудбалерите пред ЕП – Лазаров и Манасков меѓу ѕвездите во спотот (ВИДЕО)

Дуото ДНК, односно Андреј и Панчо направија песна пред настапот на фудбалерите на Европското првенство. Насловот на песната е „Македонија на Европско“, а меѓу јунаците во спотот се и Кире Лазаров и Дејан Манасков. Се појавуваат и Перо Антиќ, Елена Велевска, Влатко Лозаноски, Наум Петрески, Сара Мејс и уште многу други луѓе од јавниот живот.... Погледнете го спотот....