Димковски за 24Ракомет ТВ: Покажавме дека сме подобри од Црна Гора (ВИДЕО)

Кадетите на Македонија славеа против Црна Гора со 29-20 и на убедлив начин стигнаа до првата победа на кадетскиот Мундијал во Хрватска. Во составот на Раде Стојановиќ неколку ракометари беа најефикасни со по три погодоци, а еден од нив беше членот на Пролет, Томислав Димковски, кој изјави дека Македонија низ целиот дуел била подобра од црногорската репрезентација. Димковски за денешниот дуел со Грузија е претпазлив истакнувајќи дека нема да ја потценат. Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот.....