Дибиров: Добро е што седиме дома, не морам да го гледам Стоилов секој ден! (ВИДЕО)

Левото крило на европскиот шампион Вардар, Тимур Дибиров, во емисијата „Еден на еден“ откри зошто му е убаво да седи дома. Рускиот репрезентативец ова време на изолација го минува во Скопје во исчекување дека наскоро повторно ќе се игра ракомет. Зошто е добро да се седи дома - за да не мора да го гледам Столе Стоилов секој ден, се пошегува Дибиров...