Дејан Манасков се повреди на дуелот против Војводина (ВИДЕО)

Веспрем стигна до очекувана и сигурна победа против Војводина во четвртфиналето од СЕХА лигата и обезбеди предност за реваншот на кој се очекува да го потврдат ппласманот на завршниот турнир. Во составот на Веспрем стартер беше македонскиот репрезентативец Дејан Манасков кој помина на теренот само 17 минути. При обид за шут кон голот левото крило нагази на ногата на противнчкиот играч и го свитка зглобот. Од тој момент до крајот не влезе во игра и сè уште е неизвесно колку е сериозна повредата. Во следното видео погледнете го моментот кога се повреди Манасков.