Делириум, емоции, шампањ…Ѓорче Петров слави титула по 13 години (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ѓорче Петров шампиони 2022

Ракометарките на Ѓорче Петров по 13 години успеаја да ја вратат титулата во Женската лига. Избраничките на Симе Симовски славеа убедливо против Металург со 25-19 и го осигураа првото место на табелата што ја им ја донесе титулата. Иако директниот ривал Куманово со победа кај Деспина, може да се израмни бодовно, сепак Ѓорче Петров има подобар меѓусебен дуел. По 13 сезони, Ѓорче Петров ќе игра и во Лигата на Европа.