Дебитантот во Струга му „зема мерка“ на поранешниот шампион (Фотогалерија)

СТРУГА 2022: АЕК – Татран

Струга не признава фаворити, а тоа го покажа и дуелот меѓу Татран и АЕК. Грчкиот тим кој пред некоја година победи во Струга и има амбиции да има запазена улога во европските купови тргна со пораз. „Реновираниот“ Татран на домашен погон покажа дека најважно е да се биде секогаш на ниво без разлика против кого се игра. Словаците ќе бидат незгоден тим за секого.