Да му позавидат најдобрите фудбалски голмани – Врањеш спречи контранапад (ВИДЕО)

Мешков Брест ја продолжи доминацијата во Белорусија откако во финалето од Купот минимално со 34:33 го совлада својот најголем конкурент СКА Минск. Финалето го одлучуваа детали, а како еден од клучните моменти може да се издвои пожртвуваноста на босанскиот интернационалец Владимир Врањеш. При водство на СКА Минск од 17:16 имаа можност за контра но Врањеш со интервенција на која би му позавиделе и најдобрите голмани усепа да пресече и да спречи сигурен гол. Интервенцијата на босанецот во голмански стил погледнете ја во следното видео.