Данците тврдат: Голот на Дувњак е нерегуларен…! (ВИДЕО)

 

Очигледно дека елиминацијата на Норвежаните од Хрватска не ги заболе само домаќините на ЕП, туку и нивните соседи Данците. Тие тврдат дека голот на Домагој Дувњак во 70. минута за реми од пенал е нерегуларен. „Ако подобро ја погледнете ситуацијата, ќе видите дека голот не е регуларен,но морам да кажам дека десет од десет судии нема да реагираат во таква ситуација. Тоа е тешко да се види и затоа разбирам дека во полуфинале нема такво нешто да се досуди. Најсигурно е ништо да не се досуди. Ако досудеа такво нешто, тоа ќе беше нивниот последен меч во кариерата.“, рече ракометарот на ГОГ, Ласе Кронборг, кој беше и стручниот коментатор на данска ТВ2. Данците тврдат дека Дувњак наводно прерано ја подигнал ногата од теренот, а ваков случај бил досуден како престап во два наврати на Португалецот Педро Портела на  ова ЕП.