Гојун за 24Ракомет ТВ: Вардар е подобар со Дејвис, ние ќе се бориме – па што биде нека биде (ВИДЕО)

Вардар славеше против Загреб со 20-19 и сега е на петтото место на табелата во групата Б од Лигата на шампионите. Еден од виновците за малкуте голови во мрежата на гостите е Јаков Гојун. Специјалистот за одбрана вели дека секогаш е задоволство да се дојде во Скопје и да се игра пред одличната публика. Хрватот тврди дека Вардар е подобар откако дојде Дејвис, но и Загреб се надева дека шансите за осминафинале не се загубени. Целата изјава на Гојун погледнете ја во видео прилогот...